Ги штитат ли децата во македонските домови за згржување деца, или дозволуваат да бидат злоставувани?

2051 Views Февруари 16, 2018 Мој став Редакција Емагазин

Од Европскиот центар за правата на Ромите информираа за шокантен настан поврзан за тринаесет годишно девојче, штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје.

Девојчето неколку пати било силувано, за да на крај на оваа возраст морало и да абортира.

Кога ги пријавила овие злоставувања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните.

А од родителите било земено и ставено во дом поради сиромаштија.

Што и да се случило, девојчето останало бремено. Работа на институциите е тоа да не се случи.

Од организацијата посочуваат уште два слични случаеви со уште две девојчиња на возраст од 16 и 13 години, исто така штитенички на државната институција за згрижување деца „25 Мај“.

Дека децата во македонските домови за згрижување деца се злоставувани по различни основи е табу тема, која никој ни ја отвара, ни па сака да ја реши.

Случаите со овие три девојчиња сигурно не се единствени.

Време е државата сериозно да почне да се занимава со овој проблем и сериозно да истражи кој се работи по овие домови и да се види колку навистина овие институции се грижат за децата, за што и се основани.

И редно е овие институции да се отворат и за медиумите. Ако е се во ред, нема што да кријат. Кога последен пат сте виделе медиумска сторија во некоја од овие институции? Не се сеќавате? Тоа е така, бидејќи речиси никогаш и ги немало.

За овие деца читаме во медиумите единствено кога ќе биде пријавено дека избегале од истите. Од арно сигурно не би побегнале.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

МВР: Малолетничката од „25 Мај“ повеќепати пријавувана за исчезната, била и силувана

Народен правобранител: Во случајот со малолетничката од „25 Мај“ затаиле институциите

МТСП: Девојчето од „25 Мај“ жртва на сексуална експолатација

Хелсиншкиот комитет бара МТСП целосно да го испита случајот со девојчето од „25 мај“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.