„Даути комерц“, „Макпетрол“ и „Пуцко петрол“ топ понудувачи на јавните набавки

1925 Views Февруари 16, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Друштвото за производство, промет и услуги „Даути комерц“ доставило 78 понуди на сите јавни набавки кои што биле објавени од почетокот на годината на Бирото за јавни набавки.

Со тоа ова трговска компанија е најголем понудувач на тендерите на државните институции, јавните претпријатија и општини.

На второ место топ понудувач на огласите е Акционерското друштво за промет со нафтени деривати „Макпетрол“ со доставени исто така 78 понуди на јавните набавки од почетокот на годината.
 

На трето место е Друштвото за производство и трговија „Екос“ ДООЕЛ за канцелариски материјали кое доставило 67 понуди за јавните набавки објавени на Бирото за јавни набавки, додека на четвртото и петто место се Друштвото за производство и трговија „Пуцко петрол“ со доставени 61 понуда и Друштвото за внатрешна и надворешна трговија „ТОЗ-МК“.

Од почетокот на годината на Бирото за јавни набавки се објавени 1.903 огласи за јавни набавки, а склучени се 1.009 договори.

Вкупната вредност на набавките изнесува околу 47 милиони евра. Само во јануари државните институции и јавни претпријатија и општините потрошиле 40 милиони евра на јавни набавки.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДНИТЕ СТОРИИ

За еден емсец потрошени 40 милиони евра на јавни набавки

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.