Да му помогнеме на малиот Трајче Николов

Семејството Николови, кое живее и работи во Германија, по потекло од Струмица, со својата тажна приказна за нивниот син Трајче, се обраќаа до струмичани и сите хумани луѓе во Македонија за помош на Трајче, на кој пред една година му е откриено дека боледува од Мускулна дистрофија.

„Почитувани пријатели!

Пред една година на нашата радост, нашиот син Трајче му беше дијагностицирана една многу тешка болест - Мускулна дистрофија, болест на неговото тело и на нашата душа. Од тој ден не постои миг да не бараме начин да му помогнеме на овој ангел да не му се скршат крилјата. 

Засега единствена надеж ни е пресадување на матични клетки во болницата „Live Hospital“ во Истамбул, Турција, и е многу скапа операција. Ве молиме за помош! Животот е едно големо скалило нагоре и надолу. Во моментов ни треба вашата помош да собереме парични средства за да се изврши операцијата, нашата единствена надеж!

Затоа, сакаме да Ве замолиме за помош, за надеж дека нашиот син ќе може да оздрави и расте среќно како сите деца. Секоја помош ни значи многу!

Однапред Ви благодариме на сите добри луѓе кои ќе ни помогнат во оваа животна и најважна битка во нашиот живот#.

Со љубов и искрена Благодарност Орце и Фимка Николов.

Вашите донации може да ги уплатите на денарска сметка во Македонија:

250-0080007243-32 
Sparkasse Banka
Trajko Nikolov

или на девизна сметка во Германија:

DE09694500651151113403 
Sparkasse Schwarzwald - Baar
Gerberstrase 45
78050 Villingen - Schawenningen

Повик донација на Т-Мобиле во Македонија: 070 143 144

или да не контактирате:

Адреса: Bielweg 8 78176 Futzen – Blumberg Germanija
Телефон: 015208693559

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.