Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

2417 Views Февруари 16, 2018 Спорт Редакција Емагазин

Федерацијата на планинарски спортови (ФПС) го суспендираше водичот на Планинарското друштво „Трансверзалец“, Зоран Костадиновски-Москито. На денешната прес-конференција од ФПС рекоа дека му се одзема лиценцата и му забрани организирање планинарски тури на планини повисоки од 2.000 метри до 21 март.

Претседателот на Федерацијата, Јовица Угриновски, рече дека лиценцата на Костадиновски му се одзема поради мали технички пропусти во организирање на турата, а повеќе од морални причини.

– Ја знаеме болката на фамилијата, ја знаеме болката, но не можеме да ги вратиме назад. Планината одземала, одзема и ќе одзема животи, но наша задача е да направиме тоа што поретко да се случува – рече Угриновски.

Тој објасни дека иако водичот Зоран Костадановски немал лиценца за тури во зимски услови сепак имал големо искуство што го прави компетентен.

– Зоран Костадиновски формално има лиценца за летни тури, но јас сум се качувал со него на највисоките врвови во Европа и Африка што го прави компетентен водич на групата – вели Угриновски.

Од Федерација денеска го објавија извештајот за тоа што се случувало во саботата, кога загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.