Тажната приказна на штитеничката од „25 мај“: Како системот уништи дете

1451 Views Февруари 17, 2018 Мој став Редакција Емагазин

Тринесетгодишното девојче, штитеничка на јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“ не стана питач, но според информациите кои стигнуваат од повеќе институции, кои се растрчаа откако приказната излезе во јавноста, најверојатно стана жртва на сексуална експлоатација од надворешни лица или трговија со луѓе.

По јавни институции, кои требало да се грижат за нејзе и да не дозволат да стане жртва е од времето кога имала шест години, откако нејзините родители завршиле во затвор заради питачење.

Можеме само да препоставуваме низ се што поминало девојчето кое на 13 години остана бремено и само да се прашуваме од кога и со кого се имала сексуални односи под присила.

Од МВР потврдија не дека само што била силувана, туку и дека во една прилика е донесена во болница во бесознание.

Поразително е што дел од институциите веднаш се оградија од одговорност за една ваква сериозна тема, која е класичен пример за тоа како системот може да уништи едно дете.

Нејзината приказна сигурно не е единствена. Овие деца не само сексуално малтретирани. 

Освен розеви најави дека сега одеднаш се ќе се смени на подобро, институциите треба сериозно да почнат да се грижат за своите граѓани. За тоа постојат, за тоа ги плаќаме.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

МВР: Малолетничката од „25 Мај“ повеќепати пријавувана за исчезната, била и силувана

Народен правобранител: Во случајот со малолетничката од „25 Мај“ затаиле институциите

Ги штитат ли децата во македонските домови за згржување деца, или дозволуваат да бидат злоставувани?

МТСП: Девојчето од „25 Мај“ жртва на сексуална експолатација

Хелсиншкиот комитет бара МТСП целосно да го испита случајот со девојчето од „25 мај“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.