Каков имот пријавила судијката Татјана Михајлова

еМагазин продолжува со серијалот во кој Ви преставуваме каков имот до Државната комисија за спречување корупција, пријавиле актуелни судии, чии имиња често се спомнуваат во јавноста.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот има судијката од Основен суд Скопје 1, Татјана Михајлова.

Според нејзиниот анкетен лист, на име на брачниот другар пријавила куќа во Скопје, а на име на родителите стан во Струга и во Скопје.

Како личен имот навела деловен простор во Скопје од 15 метри квадратни и стан во Скопје од 40 метри квадратни, стекнати со договор за купопродажба.

На име на сопругот навела и возило Шевролет Калос, а на свое два кредити, кои се уште ги исплаќа, златен накит, судски пресуди...

Целиот нејзин имот, ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот пријавила судијката Добрила Кацарска

Каков имот пријавил Зоран Караџовски

Каков имот пријавил претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.