Георгиевски: Зошто Бугарија 25 години молчеше за моноплизирањето на името „Македонија“, кога тие први во светот го признаа

Во последно време зачестија изјави од бугарски политичари и аналитичари дека Бугарија нема да прифати име со географска одредница која ги загрозува нивните интереси, пишува на својот Фејсбук профил, Љубчо Георгиевски.

„Овој тип на притисок е непринципиелен затоа што се изнесува по дваесет и пет години откако е почнат спорот и влегува во завршница. А исто така доаѓа по потпишувањето на договорот за пријателство што во Македонија веќе е примен како уцена и наметнат договор. 

Конечно која било географска додавка помалку ја загрозува Бугарија од полното име Македонија што тие први во светот го признаа. (Нека ги прочитаат аргументите на Грците, важат и за нив).

Како тоа 25 години молчат на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија“, пишува Георгиевски.

Фото: ВМРО НП

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.