Никола Димитров и Радмила Шекеринска се сретнаа со Џорџ Сорос

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во рамки на 54. Минхенска безбедносна конференција остварија средба и со милјардерот Џорџ Сорос.

Двајцата министри деновиве имаа средба и со со евро-комесарот за проширување, Јоханес Хан, како и со колеги од други земји.

Во фокусот на овогодишната конференција беше улогата на ЕУ како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија. 

На конференцијата учествуваа секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан... 

Фото: Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.