Каков имот има судијата Владимир Панчевски

еМагазин продолжува со серијалот во кој Ви преставуваме каков имот до Државната комисија за спречување корупција, пријавиле актуелни судии, чии имиња често се спомнуваат во јавноста.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот има судијата Владимир Панчевски.

Според анкетниот лист, кој го доставил кога стана претседател на Основниот суд Скопје 1, Панчевски, пријавил неколку стана.

Според анкетниот лист како личен имот пријавил стан од 149 метри квадратни, во Скопје, проценет на 1 милион денари, стекнат со наследство, стан од 140 метри квадратни, во Скопје, проценет на 4,7 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 87 метри квадратни во Скопје, проценет на 2,9 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 116 метри квадратни, во Скопје, проценет на 6,6 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 81 метри квадратни, во Скопје, проценет на 2,7 милиони денари, стан од 87 метри квадратни, во Скопје, проценет на 2,9 милиони денари, стекнат со наследство.

На име на родителите пријавил стан од 68 метри квадратни, во Скопје, проценет на 1,7 милиони денари, стекнат со купопродажба и стан од 30 метри квадратни, во Скопје, проценет на 468 илјади денари, стекнат со купопродажба.

Панчевски пријавил и деловен простор од 202 метри квадратни, во Скопје, проценет на 10,8 милиони денари, стекнат од наследство и куќа во Скопје, проценета на 6,7 милиони денари, стекната на друг начин.

Панчевски пријавил и неколку парцели со градежно земјиште, од 254,356 и 541 метри квадратни, стекнати со наследство и земјиште во Јурумлери, стекнато со наследство.

Вози БМВ, проценето на 2,9 милиони денари и скутер Пјаџо, проценет на 150 илјади денари.

На девизна сметка има 13 илјади долари, а во два банкарски сефа има 1,5 милиони денари.

Подетална слика за имотната состојба на Панчевски, ОВДЕ.

Фото: Академик

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот пријавила судијката Татјана Михајлова

Каков имот пријавила судијката Добрила Кацарска

Каков имот пријавил Зоран Караџовски

Каков имот пријавил претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.