Општина Струмица не го оправдува користењето животни во карневалски цели

655 Views Февруари 19, 2018 Живот Редакција Емагазин

По реакцијата на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во која меѓу другите се повикани и градоначалникот и oпштина Струмица во врска со наводната злоупотреба на жив штрк во маска на големиот Струмички карневал, од општината се оградуваат од каква било вмешаност и вина во конкретниот случај. 

- Градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица беа само генерални покровители на Струмичкиот карневал и не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели, стои меѓу другото во реакцијата.

Од општина Струмица истакнуваат дека искрено се надеваат оти овој изолиран случај не ја намалил вредноста на карневалот, кој и во квалитет и во квантитет е еден од најуспешните во своето долгогодишно постоење. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Маската со штркот е дисквалификувана од официјална конкуренција за награда на Струмичкиот карневал

Анима мунди бара потврда од градоначалникот на Струмица дека штркот кој бил искористен како маска на карневалот е добар

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.