САД не поддржуваат размена на територии меѓу Косово и Србија

721 Views Февруари 19, 2018 Балкан Никола Осило

Амбасадата на САД во Косово соопшти дека Вашингтон не поддржува размена на територии.

„Не поддржуваме размена на територии или воспоставување на преседан, што може да предизвика повеќе проблеми отколку решенија, но сите страни треба да бидат креативни во изнаоѓањето на решение, се посочува во соопштението на Амбасадата на САД во Косово.

Исто така се наведува и дека Косово и Србија во рамките на бриселскиот дијалог треба да ги нормализираат односите, додека САД „се подготвени да слушаат, помогнат и да бидат креативни во пружањето на поддршка за постигнување на сеопфатен договор, што е единствен начин за обезбедување на прозападна иднина за Косово и за Србија“.

Фото: independetbalkannewsagency.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!