Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко си купува нова лимузина

911 Views Февруари 20, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Општина Струга објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на нови патнички возила.

Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 5.932.203 денари без ДДВ или околу 97 илјади евра.

Набавката се однесува на четири патнички возила, од кое едното е лумузина.

Според спецификите на олгасот Општина Струга бара да купи лимузина Седан со четири врати.

Возилото според спецификите треба да има меѓу другото кожен волан со аудио команди, сензор за дожд, кожени седишта, вградена навигација, безжично поврзување со мобилен и автомобилот да биде во бела боја.

Останатите четири автомобили се две дизел возила и едно на бензин, со Еуро 6 стандарди, со пет врати.

Целата набавка може да ја видите ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.