Влада: Регулаторите го синхронизирале поскапувањето на водата со резултатите од локалните избори

407 Views Февруари 20, 2018 Бизнис Никола Осило

Владата денеска на седница ја разгледа информација за обврските и роковите кои произведуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги. Оттаму соопштија дека од анализата врз основа на оваа информација, произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги.

„Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела по завршувањето на локалните избори во 2017 година.

Оваа постапка сериозно ја доведува во прашање независноста на Регулаторната комисија за енергетика која очигледно ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори“, соопшти Владата.

Согласно ова сознание, Владата им препорача на водостопанските препријатија, дека можат да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга согласно ставот 2 од членот 17 од Законот за утврдување на цените за водите.

Фото: irishtimes.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!