Владата ќе бара поволни локации за искористување на ветерната енергија

773 Views Февруари 20, 2018 Чиста околина Никола Осило

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на кампањата за мерење на потенцијалот на ветерната енергија во Република Македонија.

„Информацијата потврдува дека вкупната инсталирана моќност може да достигне 150MW. Со оглед на фактот дека до денес се инсталирани 72 MW, Владата заклучи дека е оправдано да се продолжи со мерната кампања за утврдување на наредни поволни локации со потенцијал на енергијата на ветерот кој гарантира исплатливо производство на електрична енергија“, соопшти Владата.

Фото: eletimes.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!