(ВИДЕО) Државен секретар во Хрватска си поднесе оставка на прес конференција со министерката

4682 Views Февруари 21, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Државниот секретар во хрватското министерство за демографија, Марин Стрмота си поднесе оставка од министерството за време на прес-конференција со министерката Нада Мугарниќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Стрмота оставката ја поднесе пред министерката Мугарниќ, која претходно ги претстави заклучоците од денешната седница за демографска ревитализација на Хрватска и која пред новинарите рече дека не знаела за оставката.

- Ова е еден голем фолклор. По година и четири месеци во Владата, како демограф и млад човек, мислам дека ова не е доволно сериозно и затоа денес поднесувам оставка на местото државен секретар, рече Стрмота за заклучоците.

Погледнете го видеото:

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.