Сопругата и родителите му се без работа: Кој е хрватскиот државен секретар Марин Стрмота, на кој му се восхитува целиот регион

11718 Views Февруари 21, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Државниот секретар во хрватското министерство за демографија, Доц. Д-р Марин Стрмота е дефинитивно еден од ретките личности на кои моментално му се восхитува целиот регион.

Пред неговата ресорна министерка и новинарите со солзи во очите поднесе оставка, затоа што смета дека мерките кои државата ги предлага за решавање на демографските проблеми со кои се соочува Хрватска не чинат и нема да дадат ефект.

Како што и самиот кажа на прес конференцијата неговата сопруга, а и неговите родители се невработени.

Како што пишува хрватски Вечерњи во министерството се вработил како кадар на Катедрата за демографија на Економскиот факултет во Загреб, каде по оставката и ќе се врати.

Со семејството нема имот, а имаат два кредити за отплаќање, пишува 24 часа.

Поседува Голф, стар 10 години, и има две деца.

На Балканот ретко гледаме вакви оставки, а во Македонија никогаш нешто слично не се случило. За дел од последните оставки на државни функционери кај нас дознавме од трети лица, а не од тие што даваат оставка.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.