Пензискиот систем пред колапс: За осум години бројот на пензионери се зголемил за 37.000 лица

1379 Views Февруари 21, 2018 Бизнис Никола Осило

Во Македонија се неопходни реформи во пензиското осигурување бидејќи стареењето на населението, зголемувањето на животниот век и големата невработеност сериозно се закануваат на одржливоста на сегашниот пензиски систем.

Најдобар показател за тоа е драстичниот пораст на бројот на пензионери. Во јануари 2018 година вкупниот број пензионери во Македонија, според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изнесувал 311.496 лица, што е зголемување за 3.886 лица во однос на минатата година кога бројот на корисниците на пензија изнесувал 307.610 лица.

На крајот на 2009 година вкупниот број на корисниците на пензија изнесувал 273.977 лица, што значи дека во Македонија денес има 37.519 пнзионери повеќе отколку пред осум години.

Токму затоа ММФ и други меѓународни институции бараа подигање на старосната граница за пензионирање, како и сериозни реформи на пазарот на трудот односно поддршка за нови вработувања посебно кај младата популација.

Без нови вработувања треба да се очекува дополнително зглемување на средствата од буџетот кои секоја година се префрлаат за исплата на пензии, што секако не е стабилно решение посебно ако се знае дека Македонија секоја година позјамува стотици милиони евра за да се надомести буџетскиот дефицит.

Фото: travelblog.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!