Канческа – Милевска на суд за градежните работи на „Скопје 2014“: Судење за „Тендери“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано судење за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, а првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска.

Апелацискиот суд Скопје во ноември минатата година донесе одлука дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.