Спорот за името во „Викиликс“: Меркел го убедувала Груевски да го прифати грчкиот предлог за името – Република Скопје (Македонија)

1928 Views Февруари 21, 2018 Наша тема Никола Осило

Се поголемото интензивирање на процесот за наоѓање решение за спорот за името, кој е наметнат од страна на Грција по осамостојувањето на нашата земја придонесе на површина да испливаат документите на оваа тематика што ги објави „Викиликс“, а кои откриваат пикантерии за целиот процес.

Во оваа прилика ви ја пренесуваме содржината од документ од американската администрација од април 2008 година во кој се опишува средбата меѓу тогашниот македонски премиер Никола Груевски и поранешната амбасадорка на САД во Македонија Џилијен Миловановиќ откако Грција стави вето на зачленувањето на нашата земја во НАТО на самитот во Букурешт.

„На состанокот на 4 април, премиерот Груевски изрази благодарност до Владата на САД за силната поддршка за зачленувањето на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт и покрај зацементираното инсистирање на Грција да стави вето на зачленувањето на Македонија заради нерешениот спор за името.

Тој рече дека покрај неуспешниот обид на германската канцеларка Меркел и сличен потег на Романија да ја убедат Владата на Македонија да ја прифатат грчката формулација за името – Република Скопје (Македонија), било задоволство да се гледа како повеќето членки на НАТО вложиле напори да ја убедат Грција да не става вето“, пишува во документот.

Оргиналниот документ ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Спорот за името во „Викиликс“: Папандреу барал од Груевски идентитетот и јазикот да се изостават од преговорите за името 

Спорот за името во „Викиликс“: Црвенковски бил шокиран од конструктивноста на Груевски

Спорот за името во „Викиликс“: Фрустрациите на Али Ахмети

Спорот за името во „Викиликс“: Владата на Груевски уште во 2008 година понудила заедничко ревидирање на историските учебници со Грција

Спорот за името во „Викиликс“: Германија не сакала да лобира кај Грција и Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!