Јавно обвинителство ќе ги истражува околностите под кои загинаа планинарите на Кајмакчалан

Основното јавно обвинителство Скопје постапува за расветлување на настанот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија двајца македонски планинари, информираат од таму.

„Надлежен јавен обвинител издаде Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности.

Во исто време, издадена е Наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ – Скопје, нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.

По Наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари“, се додава во соопштението на ОЈО.

Реакциите за згинувањето на планинарите се уште не стивнуваат и јавноста бара одговори што точно се случувало на 10 февруари на Кајмакчалан, кога Калина и Александар трагично ги загубија животите.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.