„Вистиномер“: Угриновски нема право да крие сознанија за тема од широк јавен интерес

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновски, настапувајќи во дебата на ТВ24 рече дека трагедијата на Кајмакчалан, во која загинаа двајца млади македонски планинари можела да се спречи, но не сакаше да каже како во емисијата, што „Вистиномер“ ја оценува како недоследна.

Дебатата во која учествуваше проф. д-р Јовица Угриновски беше посветена на расветлување на околностите во кои загинаа двајца македонски планинари во тура на искачување на врвот на планината Ниџе, Кајмакчалан од грчка страна, при што, ставот на Угриновски, искажан во неговата последна реченица во емисијата, дека несреќата можела да се спречи, ама тој сега нема да каже – е чиста недоследност.

Недоследноста „Вистиномер“ ја лоцира во три причини. Првата причина е во тоа што во текот на емисијата Угриновски со најубави зборови се изразуваше за водичот на турата Зоран Костадинов, набројувајќи ги неговото искуство и заеднички искачените врвови:

„Конкретно, со конкретниот водич јас сум бил на Мон Блан, на Грос Глокнер, на Мрмолада, на Триглав, на Килиманџаро и на Маунт Кенија. Тој е 40 години планинар. (52 мин од дебатата)“

Но, со последната реченица, со искажаниот став дека несреќата можела да се спречи, практично алудираше токму на водичот на турата. Зашто претходно не се дискутираше за евентуална друга причина, освен што Угриновски исклучи една: „Времето не е узрочник“ (причинител н.з.) – вели тој. 

Не ги нотираше ни обидите на грчките спасувачи. Значи, останува водичот/водичите, од кои едниот е најверојатно жртвата (овој впечаток се стекнува од Извештајот, каде едното лице, Александар, добива наредба од Зоран веднаш да се вратат назад).

Втората причина е тоа што Угриновски ги релативизираше прописите и правилниците пропишани од самата Федерација, вклучувајќи го и издавањето на лиценците за летни и зимски водичи со степени, кои, за да се добијат, како што рече, потребно е слушање и полагање на предмети и дека сето тоа е сериозно знаење и обука.

Но, на прашањето дали некој со летна лиценца може да организира зимска тура, Угриновски одговора: „Ако има искуство –ДА!“

Целиот текст на „Вистиномер“ прочитајте го ОВДЕ.

Фото: ТВ 24

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Јавно обвинителство ќе ги истражува околностите под кои загинаа планинарите на Кајмакчалан

Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.