The Loft со нова енергија и уникатно roof-top искуство

2387 Views Февруари 23, 2018 Check in Редакција Емагазин

Уникатно е чувството да се ужива во омилениот коктел и доброто вино, но да се искуси истото од височина, е момент кој треба да се доживее.

Во секоја европска и светска метропола, едни од најзначајните и веќе најпознати модерни обележја за опуштање и уживање во панорамата на градот, се секогаш roof-top баровите. Скопје се најде на листата на овие градови кога минатата година се отвори The Loft, првиот бар и ресторан кој претстави нешто сосема поинакво во урбаната култура.

По одредени сезонски подобрувања, на 21ри февруари, The Loft се ре-отвори повторно за јавноста, во подобро и поинакво светло, ново кулинарско мени во кое може да се најдат врвни специјалитети, но и со уште подобар и поискусен тим кој ветува квалитетна музичка програма, одлична „винска приказна“ и пријатна интимна атмосфера.

Новата сезона носи и resident-музичари кои ќе ја освежат вечерната атмосфера во градот. Секоја среда е резервирана за препознатливиот Петар Ренџов, четвртоците имаат нов џез шмек со Марија Џез Квартет, секој петок ќе следи нова тематска приказна со одлични after work забави, за саботите се задолжени Session Selection, а се најавуваат и нови дополнителни музички изненадувања во месеците кои следат.

И очекувано – веќе многумина со сигурност тврдат дека најдобриот поглед на главниот град е токму тука.  Кој бил знае, a кој не, дефинитивно треба побрзо да резервира. J Незаменлива панорама од поинаква перспектива.



The Loft – rooftop & bar restaurant

Кеј 13ти ноември (Катна гаража „Солунски конгрес“), Скопје

За резервации +389 71 272 000

FACEBOOK - The Loft @theloftmk http://bit.ly/2op9asc

INSTAGRAM - The Loft @theloftmk http://bit.ly/2FlOvNH

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.