Минимални плати во ЕУ: Бугарија со над 200 евра на дното, Луксембург до 2.000 евра на врвот

Најниска минимална плата од 261 евро во јануари годинава во Европската унија има Бугарија, по што следуваат Литванија од 400 евра и Романија 408 евра, објави Еуростат.

Генерално, минималната плата е помалку од 500 евра во земјите од источниот дел на ЕУ и над 1.000 евра во земјите од северозападниот дел на Унијата.

Највисока минимапла плата во Унијата има Луксембург со 1.999 евра месечно, Ирска со 1.614 евра, Холандија со 1.578 евра, Белгија со 1.563 евра и Германија и Франција со 1.498 евра.

Земјите на ЕУ без минимална плата се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

Евростат посочува дека најголемата минимална плата на ЕУ е речиси осум пати поголема од најмалата.

Фото: luxherald.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.