Кој го советува Заев во преговорите за името

Македонскиот премиер Зоран Заев, нема посебни советници за преговорите со името со Грција, велат од Владата за еМагазин.

Ги користи советниците кои веќе ги има за надворешна политика, Дане Талески и за евроинтеграции, Бојан Марчиќ.

За преговорите за името со Грција, Заев контактирал и со членови на МАНУ, амбасадори, преставници на дијаспората...

„Претседателот на Владата на Република Македонија во рамките на домашните активности поврзани со преговорите, кои се одвиваат под медијаторство на Организацијата на Обединетите Нации, е во постојан контакт со засегнатите страни во нашава земја со цел да се изгради општа и прифатлива достоинствена рамка решенија.

Покрај редовните консултации со политичките субјекти одржани се и серија на консултации со научно истражувачката заедница, членовите на МАНУ, амбасадори и дипломати членови на Дипломатскиот клуб, како и со претставници на дијаспората и се разбира граѓанските организации во земјава.

Во однос на преговарачкиот тим во оваа фаза преговорите ги водат директно министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција“, велат од Владата за еМагазин.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Верушевски го советува Заев за 75 илјади денари

Александар Обрадовиќ му стана советник на Заев

Сите детали: Кој и за колку го советува Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.