Европратениците поддржаа санкции против Полска

Европските парламентарци денеска ја одобрија одлуката за воведување казнени мерки, без преседан, против Полска поради нејзините активности со кои се поткопува владеењето на правото.

Европската комисија ја обвини владејачката десничарска партија во Полска „Право и правда“ дека не го почитува владеењето на правото со реформите во правосудството и јавните служби што се воведени откако дојде на власт во 2015 година.

По две години неефикасен дијалог со полските власти, во декември 2017 година Комисијата покрена постапка против Варшава, што може да доведе до тоа да и биде одземено правото на глас во ЕУ, доколку до 20 март не ги направи измените кои од неа се бараат.

Европскиот парламент денеска со 442 гласови „за“, 147 „против“ и 48 воздржани усвои необврзувачка резолуција за поддршка на одлуката на Комисијата за санкционирање на Полска. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.