Зошто никој не верува дека полицајката се самоповредила со удар од пајакот

Реакциите за нападот на полицајката Јасмина Јаначковска од страна на партискиот функционер на ДУИ, Бекир Асани не стивнуваат, туку се разгоруваат.

Бесот на јавноста сега од напаѓачот на социјалните мрежи се префрли на жртвата.

Таа веќе еднаш јавно беше понижена со „вербалниот“ напад од страна на напаѓачот, а од по сликањето со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и нејзиниот исказ дека нападот бил само вербален и дека се самоповредила со удар од „пајакот“ е понижена јавно уште еднаш.

Зошто никој не верува на исказот на полицајката?

Причините се многубројни.

Овој инцидент како и неколку други претходно покажаа дека „општество за сите“ е само пуста желба и утопија.

Инцидентот е класичен пример како изгледа напад на „моќен“ над помалку моќен.

Пример како изгледа напад на маж над жена.

Пример за страв од авторитет.

Никој не верува на исказот на полицајката, затоа што македонските граѓани не веруваат во правда, барем не кога се во прашање функционери или „моќници“. Само пред неколку дена во неколку случаеви добија уште еднаш потврда за нивно неверување.

Напаѓачот, на кој ова не му е прв напад, веќе нападнал политичар, новинар..., а помина само со прекршочна пријава, иако бројни експерти укажаа дека казната треба да биде построга, макар се работело и само за вербален напад.

Граѓаните не веруваат на исказот на полицајката, бидејќи не им веруваат на институциите и на нејзината јавна исповед, гледаат како на чин кој е изнуден.

Граѓаните, кои имаа големи очекувања од старо-новата власт, се разочарани, бидејќи инцидентот им покажа дека ништо не се сменило на подобро, туку уште се практикуваат истите работи, поради кое тоне општеството на сите нивоа.

Граѓаните се бесни и на владејачката СДСМ која ветуваше брда и долини, а за мир во куќата и да не се скара со коалициониот партнер ДУИ, за кој само пред неколку месеци имаше сосема друго мислење, голтна кнедла и испрати погрешна порака.

Причини има уште многу.

Убавото во целата приказна е што македонскиот граѓанин конечно порасна и веќе не може да се „купи“ така лесно. Уште тоа да го сфати власта и нејзините 120 ПР експерти.

Фото: МВР

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДНИТЕ СТОРИИ

Најчевска за исказот на полицајката: Сама се удрила при повлекување, значи дека имало сериозна закана 

Артан Груби: Не верувам дека Асани кренал рака, особено не на полицајка

Власта аздиса

Хелсиншки комитет: Напаѓачот на полицајката мора да биде под истрага за напад над службено лице

МВР: Врз полицајката Јаначковска не е извршено физичко насилство, ниту некој вршел притисок врз неа

(ФОТО) Јасмина Јаначковска е полицајката која му се спротистави на функционерот на ДУИ

Жарко Трајаноски: Обвинител на потег да утврди дали имало прикривање на физичко насилство врз жена - полицајка!

Мирјана Најчевска: Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго

Прекршочна пријава за партискиот функционер на ДУИ за напад на полицајка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.