Раководството и телата на Федерацијата на планинарски спортови избрани нелегално во 2014 година

Телата и комисиите на Федерацијата на планинарски спортови се нелегални и нелегитмни бидејќи на 26 април 2014 година, било организирано нелегално собрание на ФПСМ, спротивно на важечкиот статут, велат познавачите на состојбите.

„На истото собрание беше променет статутот, алпинизмот и алпинистичките клубови (кои беа носители на едукативните процеси) беа насила протерани од ФПСМ, и од тогаш до денес, во федерацијата владее тотален хаос, сите комисии и тела формирани по овој датум, се исто така нелегални и нелегитимни, бидејќи се донесени од структури кои на нелегален начин ја завладеаја ФПСМ.

Од историјатот на промени во Централниот регстар на РМ, може да се види дека промени на статутот се направени во 2008 и на 26.04.2014 година. Според статутот од 2008, собранието на ФПСМ го сочинуваат по 5 претставници од секој спорт (алпинизам, планинарство, спелеологија, спортско качување и спортска ориентација).

Раководството на ФПСМ спротивно на ова, собранието го одржа со по еден претставник од строго селектирани (подобни) клубови и направи измени на статутот со кои ги избриша спортовите од истиот.

На овој начин, не само што се ралативизираа разликите помеѓу спортовите, туку одредени спортови беа целосно лишени и од имотот со кој располага ФПСМ, а истиот го граделе сите клубови и спортови во минатото.

Овде почива коренот на сите проблеми во ФПСМ, редно време е ова нелегално собрание да се преиспита и да се санкционираат сите кои учествувале во неговото организирање, бидејќи последиците од истото се катастрофални и доколку не се спречи хаосот, ќе следат уште пострашни епилози. Организирање на собрание спротивно на статутот и насилно превземање на ФПСМ е кривично дело“, вели за „еМагазин“, Антонио Додевски aлпинист и професионален водич во планина.

Тој објаснува дека од тогаш па наваму постојано укажувал и потсетувал на она што се случувало во 2014 година.

„Тогаш дури отпатував во Скопје за да учествувам на собранието, со намера да им укажам на делегатите (кои најверојатно не беа ни свесни дека согласно статутот и не треба да бидат делегати) дека учествуваат на нелегално собрание, но тогаш бев спречен од страна на полиција, наоружана со автоматско оружје.

Очигледно раководството на ФПСМ во координација со тогашни високи полициски функционери, ја спроведуваше својата мисија“, потсетува Додевски.

Во насока на тврдењето на Додевски е и тоа што на 25 април 2014 година, Македонската алпинистичка федерација издала соопштение во кое се вели дека дел од нелегалната раководна структура на ФПСМ селективно до некои клубови испратиле допис со покана за учество на изборното собрание, што претставува обид за најфлагрантно кршење на статутот, а со тоа и на законите во Република Македонија.

„Со ова се сака да се спроведе еден вид легализација на сите нечесни постапки кои во изминатиот неколкугодишен период беа спроведени од дел од раководството на ФПСМ. Мандатот на претседателот на ФПСМ е истечен уште во јуни 2013 година, а веќе неколку години не е свикано Собрание, согласно статутарните обврски на организацијата. Затоа, сметаме дека секоја постапка што се презема во вакви околности сама по себе претставува кршење на актите за работа на ФПСМ и на законите во Република Македонија“, соопштила тогаш МАФ.

Алпинистите тогаш се обратиле до припадниците на сите планинарски спортови - планинари, алпинисти, спортски качувачи, ориентацисти, спелеолози на кои не им биле познати одредени многу важни моменти од работењето на ФПСМ во изминатите неколку години, да се информираат и заедно да се обидат на статутарен и законит начин да ја креираат иднината на ФПСМ која им припаѓа на сите планинарски спортови.

МАФ во писмото тогаш објавило дека ФПСМ е претворена во лична своина на неколкумина, кои покажуваат дека веќе одамна престанале да ги почитуваат статутот и законите.

МАФ тогаш изразило сомневање дека во продажбата на домот Илинка на Попова Шапка (повеќе од 30.000 евра без логично објаснување каде завршија средствата), сомнителни биле и давањето концесија за домот на Средно Водно и размената на просториите на ФПСМ во Даре Џамбаз...

Уште во 2014 година повикале на тоа да го „зачуваат достоинството и легитимитетот на националната организација на планинарските спортови“.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ СТОРИИ:

Писмо: Пријатели на Калина, зошто молчите? Угриновски, оставка!

„Вистиномер“: Угриновски нема право да крие сознанија за тема од широк јавен интерес

Јавно обвинителство ќе ги истражува околностите под кои загинаа планинарите на Кајмакчалан

Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.