Порно глумица го тужи Трамп

Порно глумицата Сторми Даниелс поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, со која бара да се поништи договорот кој го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година.

Таа вели дека договорот не е во ред затоа што ја спречил да зборува за наводните сексуални средби со Трамп.

Во тужбата, поднесена во Виш суд во Лос Анџелес, се наведува дека договорот склучен на 28 октомври 2016 година е „ништовен и без последици“, бидејќи не го потпишал лично Трамп.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека сака пред јавноста да ги изнесе сите детали од наводниот однос со Трамп, неколку недели пред изборите, односно кога било побарано од неа да молчи за врската од пред десет години.

Таа тврди дека почнала да има „интимни односи“ со Трамп во 2006 година и продолжиле во 2007 година, а се среќавале во Невада и калифорнија. Според неа, Трамп и платил 130 илјади долари за договор за молчење. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.