Платите мали: Португалија бара 40.000 работници за туристичката сезона

Додека Португалија се подготвува за најверојатно една од најуспешните летни туристички сезони, туристичките работници во земјата се загрижени како ќе ги услужат милионите туристи кои што се очекуваат.

Минатата година оваа земја ја посетиле 20,6 милиони туристи што е двојно повеќе од вкупниот број на жители на Португалија.

Иако невработеноста континуирано паѓа и минатата година достигна 8,1% од рекордни 17,5% во 2013 година, сепак на пазарот најголем проблем е токму пазарот на труд како најголема пречка за натамошен успех на туризмот.

Како што пренесуваат португалските медиуми, на хотелите во оваа земја им недостигаат околу 40 илјади работници. Но, еден од најголемите пречки за наоѓање на работници се малите плати.

Во Португалија платите се најниски споредено со просекот од другите земји во Европската Унија. Просечната плата во туризмот е 632 евра.

Ако не успеат да „увезат“ рабтници тогаш португалската економија ќе се соочи со големи загуби. Туризмот придонесува во БДП на Португалија со дури 17%.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.