Антикорупционерите си поднесуваат оставки, ќе добијат ли и апанажа?

Откако во јавноста излезе извештај дека злоупотребувале пари за патни трошоци, членовите на Антикорупциска комисија или Државната комисија за спречување корупција, еден по еден, идентично како и членовите на Државната изборна комисија (ДИК), си поднесуваат оставки.

Најверојатно по тоа ќе бидат и запаметени, бидејќи во нивниот мандат не открија некој голем корупциски скандал што е нивна работа, иако Македонија одлично котира на сите можни листи за корумпирани држави.

За злоупотреба за пари на граѓаните оставки поднесоа и членовите на ДИК, а дел од нив на крај беа „наградени“ со уште пари, за апанажа.

Како ќе бидат „наградени“ членовите на Антикорупциска останува да видиме, а јавноста е повеќе од огорчена дека ваквите случаи завршуваат само со оставки, а не и со одговорност.

Веќе никој не се сеќава на информициите со кои беше „бомбардирана“ јавноста по смената на власта за тоа колку трошеле на нивните службени картички, функционерите од претходната власт.

На истите влакно не им фали. Ни О од одговорност, а не знаеме ни дали сите ги вратиле парите кои наводно ги злоупотребиле.

Нема да биде никакво изненадување ако за брзо време овој скандал биде покриен со друг, а работите да се останат како во народната: „Кучињата си лаат, караванот си врви“.

Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кои се двајцата антикорупционери кои што се уште не поднеле оставка?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.