Стојановска, менаџерка за заштита на животна средина во САСА: Во 21. век е беспредметно да се зборува за „машки“ и „женски“ професии

Во интервју за еМагазин, Марија Стојановска, менаџерка за заштита на животна средина во рудникот САСА, зборува за предизвиците на една жена во бизнис кој од јавноста се доживува како „машки“.

Колкав временски период работите во рудникот Саса и во која област?

- Во рудникот за олово и цинк САСА работам од мај 2007 година во областа на заштитата на животната средина. Во изминатите, повеќе од десет години откако работам на оваа проблематика во САСА, можам да потврдам дека заштитата на животната средина, заедно со заштитата на здравјето и безбедноста при работа, се дветете области на кои во нашата компанија им се посветува исклучително големо внимание.

Тоа бара голема енергија и посветеност од страна на целиот тим кој работи во овие области. Лично, јас сум горда што сум дел од овој тим, како и од досегашните постигнувања што ги има нашата компанија во областа на заштитата на животната средина.

Можеби ќе звучи нескромно, но сметам дека секој професионалец од областа на управувањето со заштитата на животната средина го посакува она што јас и моите колеги во тимот го имаме постигнато во САСА, за што од пресудна важност е поддршката што ја добиваме од сите вработени и довербата од менаџментот на компанијата.

Опишете ни ги накратко вашите работни задачи и тоа како е да се работи во рударство кое многумина го сметааат за „машка професија“?

- Сметам дека во 21. век станува беспредметно да се зборува за исклучиво „машки“ или „женски“ професии. Напредокот на технологијата им дава дополнителна моќ на жените да работат и во професии кои порано се сметале резервирани само за мажите. Свесна сум дека можеби многумина што не ја познаваат оваа индустрија мислат дека жените нема што да бараат во рудник, но јас и моите колешки во САСА на најдобар начин покажуваме дека тоа е застарен  стереотип.

Во рудникот САСА работат образовани, посветени и јас би рекла силни жени, на различни позиции, на пример: како инжинери во флотација, како оператори во диспечерски служби, ракововодат со процесите за контрола и испитување на квалитетот во производството, како и во управувањето со системот за заштита на животната средина.

Што се однесува на моите работни задачи тие можат да се групираат во неколку целини. Една од целините е поврзана со секојдневната контрола на аспектите на влијание врз животната средина од технолошките процеси и активности, како и производи и услуги повразани со работењето на рудникот, за да се осигураме дека доследно и во целост се почитуваат предвидените мерки за заштита на животната средина кои се пропишани со нашите правила за работа, меѓународните стандарди, како и со законската регулатива.

Втората група работни задачи ја сочинуваат активности поврзани со подготовка на извештаи и информирање на вработените, соработниците, институциите и другите заитересирани страни, вклучувајќи ја и пошироката заедница за сите аспекти и активности на рудникот во заштитата на животната средина.

Посебна група работни задачи се и т.н. превентивни и корективни мерки, вклучувајќи и најразлични обуки за вработените за тоа како да се осигура правилното функционирање на целиот систем за заштита на животната средина, почнувајќи од намалување на потрошувачката на суровини и енергија, минимизирање на емисиите, правилно складирање и управување со отпадот, па се до мерките за заштитата на био-диверзитетот.

Колку често вашите работни обврски ви налагаат потреба да се симнете во рударските јами и другите постојки на рудникот? Дали при тие посети се чувствувате безбедна?

- Моите работни обврски, покрај другото, вклучуваат и контрола врз спроведувањето на мерките за заштита на животната средина на ниво на целиот рудник, вклучително и во рударските јами, во што соработувам со одговорниот инженерско - технички персонал. При ваквите контроли, кои се извршуваат многу често, се чуствувам сосема безбедно.

Безбедноста во секој дел од нашата компанија е на највисоко можно ниво, па така и во рударските подземни простории. Мотото на сите вработени во рудникот САСА гласи „Наша безбедност- наш живот“.

Лично, во рударските простории се чувствувам многу побезбедно отоколу на било која површинска локација надвор од нашата компанија. На пример, мерењата на квалитетот на воздухот во јамските простории во САСА, што се прават континурано 24-часа, покажуваат дека тој е далеку подобар од квалителот на воздухот во градовите. Уверена сум дека кога ваквиот факт би бил општо познат, многумина би посакале да станат дел од нашиот тим.

Според ваша проценка, какви особини треба да поседува еден човек за да може да работи во рудник?

- Во јавноста која директно не е запознаена со работата на рудниците постои перцепција дека за да се работи оваа работа потребни се единствено голема физичка сила и издрживост. Можам да потврдам дека тоа е многу поедноствена слика за рударството. И во оваа индустрија голем дел од работата која пред многу децении се вршела мануелно, сега ја извршува со помош на современи технологии.

Сепак, човечкиот фактор останува исклучително важен. Од сите оние кои работат во еден рудик, а тоа е секако стандард и во нашата компнија, се бара да бидат одговорни, дисциплинирани луѓе кои во секој момент ги почитуваат процедурите и безбедностите правила што се воспоставени за да го заштитат пред се нивното здравје и безбедност.

Понатаму, во оваа индустрија особено се ценат луѓе кои се мотивирани, енергични и одлучни, но истовремено и кооперативни и подготвени за тимска работа, затоа што од тоа зависи нивиниот поединечен, како и успехот на целата компанија.

Во изминатиот период рударската индустрија стана особено актуелна во земјава, особено во поглед на нејзиното влијание врз животната средина. Како професионалец токму во оваа област, кажете ни како стојат работите на ова поле во рудниот Саса?

- Како човек што се едуцирал и директно работи на областа на животната средина, можам со сигурност да потврдам дека во Република Македонија постои прецизна регулатива која гарантира постојан мониторинг и работење на рудниците, според највиските светски стандарди за заштита на животната средина.

Почитувањето на ваквата регулатива е обврска на секој рудник и нејзината примена се контролира постојано од страна на надлежните институции, а се врши и постојан мониторинг од независни акдедитирани лабаратории кои гарантираат за високите стандарди што се преименуваат во Македонија, со што рударската индустрија од земјава воопшто не заостанува зад светските трендови.

Ние во рудникот САСА сме особено горди што сме лидер во оваа област во земјава, но и пошироко. Имено, САСА е првиот рудник во Македонија кој поседува А-инегрирана еколошка дозвола. Доолнително, во нашата компанија е имплемениран и меѓунардноиот стандард за управување со заштитата на животната аредина ISO 14001.

Доколку во една реченица би требало да се опише пристапот на САСА во оваа област тогаш таа би гласела: Заштитата на животната средина е мултидисциплирана и трајна обврска на сите вработени во рудникот САСА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести