Трагедија во Прилеп: Сопружници пронајдени мртви со прострелни рани

Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство станува збор за убиство и самоубиство. Станува збор за брачната двојка, 81-годишниот Мице и 76-годишната Илка Нешкоски.

Според јавниот обвинител Маријана Илиеска, случајот е пријавен од минувач кој го забележал телото на Мице Нешкоски под балконот од зграда во населбата „Димо Наредникот“.

„Телото под балконот во атриумот на зградата го пронашол случаен минувач нешто пред 12 часот, денеска напладне. Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек“, изјави Илиеска.

Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.

Кога се случил настанот, брачната двојка била сама во станот на третиот кат во зграда од населбата „Димо Наредникот“. Живееле со синот снаата и едно внуче.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!