Од каде потекнува инспирацијата за „Плати со поезија“?

Најмодерниот и најомилениот пијалак на цивилизираниот свет не бил секогаш толку лесно достапен. Кафето, познато и како „волшебни зрна“ поради моќта да дава наплив на енергија, има долга и интересна историја.  Потекнува од Африка и буди сосема нов поглед кон животниот стил кај секој народ. По долг период на забрана за консумирање и сомнеж во Отоманската Империја, Султанот Сулејман II заклучил дека борбата против црниот напиток е невозможна и донел одлука да ја укине забраната.

Како резултат на ова, влијанието на кафето може да се поистовети и со револуција која прави драстични промени во социјалниот живот на луѓето.

Денес, еден од најпознатите кафиња е кафето Јулиус Мајнл кое се карактеризира со висока доза на префинетост, чии корени се простираат далеку во минатото. Токму благодарение на Јулиус Мајнл, Европа ја достигнува својата точка на кулминација, и општествените дружби добиваат сосема поинаков поглед, на повисоко ниво.

Приказната за ова кафе започнува во 1862 година во Виена, во една продавница за зачини. Кафето се продавало во форма на зелени зрна, што не било многу практично. Сопственикот на продавницата добил идеја да ги пече зрната кафе при што целиот вкус дошол до израз.

За кратко време, Јулиус бил познат како најдобриот произведувач на кафе во целата Австриска Империја. Густав Климт, Егон Шиле, Ото Вагнер и Сигмунд Фројд биле љубители на неговото кафе и чести посетители во кафетеријата која подоцна ја отворил.

Како овие познати лица ја носеле инспирацијата на Виена во себе така Јулиус Мајнл како произведувач на кафе се одлучи да е носител на инспирацијата за поезија со отворањето на Куќата на поезијата во Букурешт во 2013 година.

Во неа како метафора на синергијата на модерното општество, технологијата и човечкиот креативен дух бил поставен робот кој преку Фејсбук ги пишувал на ѕидовите песните на фановите кои можеле да се врзат од цел свет.

Погледнете го видеото, ОВДЕ.

Приказната за инспиративноста на поезијата продолжува и со кампањата „Плати со поезија“ со која љубителите на кафе од повеќе од 25 земји и во 1.153 кафетерии го обележале Денот на поезијата, 21ви март.

Овој ден се одбележува секоја година и во 2018та изворот на инспирацијата, на Виена и на светот, може да се почувствува и во Македонија на 10 места на 21ви март во Скопје и Велес.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.