Најчевска: Чекам кога Фатиме Фетаи како јавен обвинител ќе добие барем една вистинска пресуда

Настапот на обинителката на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на вечерта на раскажување на женски приказни, „ПичПрич“ предизвика големо внимание во јавноста, а свој осврт за нејзиното појавување таму, даде и професорката Миријана Најчевска.

Таа на својот Фејсбук профил напиша: 

“Знам дека многумина ќе налутам, ама јас ете да си кажам. Најмногу од се мразам култ на личноста.

Прво Киро го направивте витез на бел коњ, а не беше.

Па Бранко ми го шиткавте како премиер и претседател, а тој само уличен мангуп.

Па Љубчо одеднаш стана водач, а тој кутриот пропаднат петокласен поет.

Па она кецарошчето Груевски стана лицето од уљаните портрети, а гревот маалски џепарош.

Па Заев сакавте да го направите витез на коњ, а не е.

Па Катето чипка да ја прикажете како некој невиден интелект, а не е.

Па Фатиме како Јованка Орлеанка, а не е.

Супер забавно е да ја слушам Фатиме како раскажува за различните нешта кои ги добила, ама јас ете чекам кога како јавен обвинител ќе добие барем една вистинска пресуда против криминалците кои од позиција на власт неказнето си играа со правото 11 години.

Немој погрешно да ме разберете, сакам храбри жени и паметни и отворени и борбени. Само не сакам градење на култ на личноста било на жена било на маж.

Демократијата ја градат многумина, не еден. Правила, критериуми и принципи, а не витези и витезки на коњи“, пишува Најчевска.

Фото: Фејсбук/Миријана Најчевска

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Фетаи раскажуваше женски приказни: До СЈО стигна преставка Фатиме да ги врати шишките

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.