(ВИДЕО) Еруптираше вулкан во Јапонија

689 Views Mарт 10, 2018 Свет Никола Осило

Властите во Јапонија ги предупредија граѓаните на опасноста од големи камења во радиус од четири километри од вулканот Шинмоедак, кој денеска повторно еруптираше.

Вулканот е висок 1.421 метар и веќе со денови исфрла песок. Според експертите, вулканската активност може да трае уште неколку месеци. Јапонската државна метеоролошка агенција денеска издаде ново предупредување, укажувајќи дека камењата може да паѓаат и до четири километри оддалеченост од вулканот.

Шинмоедак, кој се наоѓа во близина на островот Ксушу, е еден од 110-те активни вулкани во Јапонија.

Фото: boldcrosicansflameblog/wordpress

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!