Одбројани деновите на гувернерот Димитар Богов: Ќе застане ли Албанец на чело на Народната банка?

2562 Views Mарт 10, 2018 Бизнис Никола Осило

Актуелниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов беше избран на оваа функција на 16 март 2011 година, така што седумгодишниот мандат му завршува за некој ден. Во владејачките партиски кругови уште сега се калкулира со можните кандидати и се шпекулира со различни имиња.

Главните дилеми се во однос на прашањата дали постои реална шанса жена да стане гувернер на НБРМ, а со оглед на тоа што повеќе вицегувернерки досега биле лица од женски пол, а исто така не се отфрла и можноста Албанец да застане на чело на централната банка.

Димитар Богов има 23-годишно работно искуство од кое девет години на раководни позиции во јавниот сектор, една година во областа на деловните консултантски услуги и четири години на висока раководна функција во најголемата македонска банка.

Тој работел како раководител во Државниот завод за статистика и во Министерството за финансии, каде што бил одговорен за изготвување макроекономски статистики, економска анализа, макроекономско планирање, предлози за економската политика и бил вклучен во преговорите со ММФ.

Од 2002 година до јануари 2007 година, тој работел како главен економист во „Стопанска банка“ АД Скопје, членка на групацијата НБГ, каде што бил одговорен за изготвување економска и пазарна анализа, деловно планирање, управувачко сметководство и управување со ризиците.

Од февруари 2007 година до мај 2011 година, тој ја извршувал функцијата на вицегувернер на Народната банка на Република Македонија и бил одговорен за финансиските пазари, управувањето со девизните резерви и платните системи.

Тој е член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2.

Фото: Народна банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!