Кога Зијадин Села ќе побара поголема плата и работа за неговите гласачи

Зијадин Села си тера по старо, заплетен во пајажина од тврд национализам.

Најважно за него е Македонија да стане двојазична и бинационална држава и да има дводомен парламент. Тоа ќе ја направила државава побогата, ама на Конгресот на кој беше реизбран за претседател се интонираше друга химна, не таа на земјата која сака да ја направи поправедна.

Бара од државата, а не и ги почитува ни основните национални симболи.

Како ќе ја направи поправедна државата, кога постојано ги провоцира Македонците, а очигледно дека не му е гајле за Србите, Ромите, Турците и другите националности кога бара држава на Албанците и Македонците.

А само до пред некој ден по медиумите се правдаше дека не бил толку голем националист, туку дека секогаш бил погрешно разбран.

Кога сте го слушнале Села да зборува за повисока плата, за нова фабрика, за борба против корупцијата, за патните трошоци на функционерите, за чист воздух... 

Тие се вистинските проблеми на македонските граѓани на кои демек сака да им го олесни животот. 

Нема потреба да измислува нови.

Најлесно е да се игра на националните чувства на граѓаните. Вистински и праведен политичар никогаш не би играл на таа карта.

Фото: Алијансата за Албанците

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.