Социјалните мрежи горат од харизмата на Фатиме Фетаи

Со своето последно излагање на настанот „ПичПрич“, специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи уште еднаш покажа дека има харизма на која може да и позавидат многу македонски политичари и функционери.

Доказ за тоа е што и неколку дена по овој настан социјалните мрежи не престануваат да „брујат“ за овој настан и за неа. Се оценуваат нејзиниот изглед, нејзината слобода на изразување, па дури и моралните квалитети на Фетаи само затоа што изглегла во диско или пак облекла некое специфично парче облека.

Факт е дека Фетаи е една од ретките јавни личности која има храброст отворено и без никакви задршки да открива детали од нејзиниот живот и слободно да го каже тоа што го мисли, што е вистинска реткост во нашата држава.

Сосем друго е прашањето колку ќе биде успешно Специјалното јавно обвинителство во завршувањето на отворените обвинителни постапки против поранешните политички фунционери, што се разбира зависи од целиот правосуден систем.

Неизбежен заклучок е дека на земјава и требаат повеќе вакви млади личности кои со својата лична енергија и способност можат институциите да ги извадат од летаргијата во која се западнати цели децении.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!