Кина го смени Уставот за претседателот Си да може да се кандидира за трет мандат

454 Views Mарт 11, 2018 Свет Никола Осило

Кинеското Народно собрание донесе одлука со која се укинува ограничувањето на претседателот на два последователни мандати. Со оваа измена се отвора пат претседателот Си Џинпинг да владее три, па и повеќе мандати по 2023 година, кога истекува неговиот втор мандат.

Одредбата во кинескиот Устав за ограничување на претседателот беше воведена 1982 година, како една од реформите на претседателот Денг Шјаопинг, со цел да се избегне неограничена власт на водачите како во времето на Мао Цедонг.

Барањето на Си предизвика критики на Запад, и загриженост дека ќе се зголеми авторитарноста во рамкитена кинеската владејачка Комунистичка партија. Американскиот претседател Доналд Трамп на шега изјави дека идејата да се биде доживотен претседател не е така лоша.

Освен укинувањето на ограничувањето на претседателскиот мандат, уставните реформи му дозволуват на претседателот да формира комисии за правосудство и етика со кои ќе може директно да ја контролира работата на јавната администрација. Во досегашната антикорупциска кампања беа казнети над 1,5 милиони службеници.

Фото: asia.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!