Кашикара фрлена во двор во Ѓорче Петров, оштетени куќата и два автомобили

На 11.03.2018 година околу 00.40 часот во Скопје, во двор од куќа во населба Ѓорче Петров, сопственост на Д.С.(43) непознато лице фрлило експлозивна направа (најверојатно кашикара), соопшти МВР.

„Повредени лица нема, а од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички моторно возила „Мерцедес“ и „Шкода Фабија“ кои биле паркирани во дворот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот“, информира МВР.

Фото: Srbija danas

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!