Куновска: Доволно е човек да помине по ул. Македонија да види дека во државата нема ни ред, ни закон

Доволно е човек да помине 50 метри по ул.Македонија да види како во Македонија нема ни ред ни закон, напиша на својот Фејсбук профил Софија Куновска, актерка и поранешна пратеничка од СДСМ.

„Нешто што е јавен простор е украдено од граѓаните и узурпирано од луѓе кои прават профит од тоа. Има ли градоначалници? Има ли инспекции? Постои ли јавен интерес? Она што „до вчера“ беше инцидент денес е пракса.

Половина улица е украдена од новоизградени објекти, цврсти градби, кои порано беа најлонски тераси, а денес само уште на хартија веројатно може да се водат како тераси.

Во „Мекиците на Стража“ дури е срушена и постојната фасада и сега и локалот и т.н. тераса се еден објект кој се протега до дрворедот. Настрана што внатре се пуши.

А законот вели урбаната опрема треба да е мобилна и треба навечер да се собира заради комунално одржување на улицата.

Се започна од Тренд кој има тенденција да стаса до ГТЦ со т.н. тераса. А еве до каде не доведе. Ужас!!!“, напиша Куновска. 

Фото: Фејсбук/Софија Куновска

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!