Назначени седум нови директори во подрачните служби на Агенцијата за вработување

3210 Views Mарт 12, 2018 Бизнис Никола Осило

Назначени се нови раководители на подрачните единици на Агенцијата за вработување во Демир Хисар, Кичево, Неготино, Гевгелија, Струга, Охрид и Македонски брод.

Според објавата на Централниот регистар за нов директор на Центарот за вработување во Демир Хисар е назначена Наташа Ѓорѓиоска Анчов, која што доаѓа на местото на Трајче Којчески, кој досега ја извршуваше оваа функција.

Којчески сега е назначен за раководител на подрачната служба на Агенцијата за вработување во Кичево. Тој седнува на директорското столче на местото на Љупчо Михајлоски.

Во Неготино за раководител на Центарот за вработување е назначен Благојчо Борисов, кој доаѓа на местото на Даница Гавриловска.

Во Струга за нов раководител на подружницата на Агенцијата за вработување е назначен Ќјутим Рашити на местото на Џевет Зиба.

Со Центарот за вработување во Охрид сега ќе раководи Маја Ташева Биткоска, која доаѓа на местото на Зоран Костовски, додека на раководното место на Центарот за вработување во Македонски брод е назначен Лупчо Михајлоски, кој доаѓа на местото на Наташа Ѓорѓиоска Анчов.

Фото: techcrunch.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!