ЕУ заканувачки кон Трамп: Ќе го зголемиме данокот за фармерките „Левис“, вискиот и моторите Харли Дејвисон

494 Views Mарт 12, 2018 Свет Никола Осило

Министрите за економија од државите-членки на ЕУ денеска истакнаа дека тој најголем трговски блок земји поддржува слободна и отворена трговија, но дека ЕУ ќе одговори доколку биде погодена од американските царини кога следната недела ќе стапат во сила.

Министерот за економија на Франција Бруно Ле Мер изјави дека „никој нема да победи во трговска војна“.

“Ќе има само губитници. Веруваме дека протекционизмот води во ќорсокак“, истакна тој.

Американскиот претседателот Доналд Трамп, пак, изјави дека САД ќе разговараат со европски официјални лица за елиминирање на тарифите за кои верува дека се на штета на американската економија.

Трамп преку Твитер, кажа дека секретарот за трговија Вилбур Рос планира да разговара со претставници на ЕУ, за „големите тарифи и бариери што ги користат против САД“. Тој оцени дека царините не се „фер за американските земјоделци и производители“.

По одлуката на Трамп за воведување нови царини врз увозот на челик од 25 проценти и 10 проценти за увоз на алуминиум, САД и ЕУ се под закана од трговска војна.

Унијата се закани дека доколку не биде изземена од новите американски правила, ќе додадат даноци за различни производи од САД, вклучувајќи ги и моторите Харли Дејвидсон, фармерките Левис, бурбон виски, сокови од дренки и од портокали.

Фото: kijiji.it

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!