(Фото) Град со големина на лешник во Куманово, пороен дожд и силни електрични празнења

Пороен дожд и град го зафати Куманово вечерва пред 20 часот. Невремето беше проследено со силни електрични празнења и грмежи, а град со големина на лешник врнеше во поширокото централно градско подрачје.

Од регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека големи количини вода се слеваат на булеварот „Октомвриска револуција“. Информацијата ја потврдија и одговорните од ЈП „Водовод“ чии екипи се на терен.

Најкритично според директорот на „Водовод“, Горан Стојковски е на најниските точки во градот булеварот „Октомвриска револуција“ и „Никола Тесла“.

„Екипите се на терен и ги отвараат шахтите за атмосферска канализација“-вели Стојковски. 

МИА/Фото: Кумановски муабети

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Пороен дожд вечерва во Скопско и Кумановско

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.