Запрен стечајот за Повардарие, винаријата се уште должи 3,4 милиони евра за данок на државата

Основниот суд од Велес донесе одлука да се запре стечајната постапка за винарската визба Повардарое од Неготино.

Предлогот за отворање на стечајна постапка над стечајниот должник винарска визба Повардарие АД Неготино, поднесен од должникот како предлагач, се констатира за повлечен, објави Централниот регистар.

Според информацијата на регистарот, претходната постапка за испитување на услови за отворање на стечајна постапка поведена над имотот на должникот Повардарие се запира.

Се разрешува именованиот привремен стечаен управник Ацо Петров и се укинуваат определените мерки за обезбедување.

Винарската визба Повардарие, според податоците на последната Листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи за данок на државата и должи 3,4 милиони евра.

На винарската визба во исто време и е одземена лиценцата за откуп на грозје, бидејќи се уште го нема исплатено грозјето на лозарите од претходната реколта.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести