Замрзнат имотот на Машинопромет: Драган Филипоски назначен за привремен стечаен управник

550 Views Mарт 13, 2018 Бизнис Никола Осило

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајки по службена должност за упис на решение за поведување на претходна постапка на Основен Суд Скопје 2 Скопје 3 од 02.03.2018 година за aкционерско друштво за внатрешен и надворешен промет „Машинопромет“ Скопје донесе решение со кое се одобрува пријавата за започнување претстечајна постапка.

„Со од 02.03.2018 година на Основен суд Скопје 2 Скопје се поведува претходна постапка за испитување на условите за отварање на-стечајна постапка над должникот акционерско друштво за внатрешен и надворешен промет „Машинопромет“ Скопје

Се закажува рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање на стечајна постапка на ден 29.03.2018 година во 13,30 часот, во судница број XXIV на III-ти кат нов дел.

Се определуваат следните мерки за обезбедување:

За привремен стечаен управник се определува лице Драган Филипоски од Гостивар, Се задолжува привремениот стечаен управник да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите за управување на должникот за водење на работењето се до донесување на одлука за отворање на стечајна постапка со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите и да изготви извештај за економско финансиската состојба на должникот, како и да ја испита инсолвентноста на должникот и да испита дали предлагачот има побарување од должникот“, пишува во диспозитивот на решението.

Воедно, се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. Се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и се забрануваат исплати од сметките на должникот.

„Се повикуваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, а должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот. Се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и неговата деловна документација.

Се задолжува привремениот стечаен управник во прилог на Извештајот за економско - финансиската состојба на должникот да ги достави и следните потврди: потврда од Агенцијата за катастар на недвижности, потврда од МВР, потврда од Централен депозитар за хартии од вредност, потврда од Заложен регистар, потврда од Централниот регистар на РМ дали должникот располага со имот во друго трговско друштво“, пишува во диспозитивот.

Фото: freephoto.cc

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!