Владата ќе се задолжи за 120 милиони евра, за да ги раздолжи општините

Владата ќе земе кредит од 120 милиони евра, за да ги раздолжи општините.

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека веќе се чекаат понудите од повеќе финансиски институции и домашни банки за да се избере најповолната понуда, а општините ќе ги враќаат парите на подолг рок, од 15 до 20 години.

Општините должат околу 120 милиони евра, а меѓу најголемите должници се Охрид со 11,7, Тетово со 8,1 и скопската општина Карпош со 7,7 милиони евра.

Над 95 отсто од нивниот долг е кон домашни компании.

Од Владата најавуваат и дека откако општините ќе се оспособат, до крајот на годинава, ќе им се пренесат околу 100 милиони евра капитални инвестиции од државниот Буџет, за тие самите да ги користат за изградба на училишта, градинки, здравствени домови, домови на културата, патишта...

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.