РСЕ: Хибридната војска на Путин отвора фронт и во Македонија?

Со дезинформации на социјалните мрежи, хакерски напади и лажни вести место калашникови, Русија својата т.н. хибридна војна против Западот ја почнува и на Балканот, каде државите како Македонија, иако се евроатлантски ориентирани, не се во ЕУ и НАТО и како такви се најранливи, велат експертите, анализира Радио Слободна Европа.

Таквите пропаганди се типично перење мозоци и со нив лесно се прави конфликт среде Европа, во мали земји како Македонија, вели Руслан Дејниченко од Стопфејк, портал специјализиран за откривање лажни вести.

„Не можете да си дозволите да го игнорирате овој проблем, бидејќи еден ден кога ќе се разбудите и погледнете низ прозорецот можете да видите илјадници луѓе со оружје кои се убиваат меѓусебно само затоа што се мразат. Тие се мразат, бидејќи се убедени, бидејќи нивните мозоци се испрани од руска пропаганда“, изјави Дејниченко во разговор за Радио Слободна Европа.

Целата анализа на Радио Слободна Европа, ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.