Во две милионски трансакции продадени над 3.000 акции од ТТК Банка

400 Views Mарт 13, 2018 Бизнис Никола Осило

Во две блок транскации во вкупна вредност од околу три милиони денари денеска на Македонската берза беа продадени 3.120 акции од ТТК Банка.

Во првата трансакција вредна 1,9 милиони денари беа продадени 2.000 акции по цена од 999 денари за акција.

Во втората транскација вредна 1,1 милион денари беа продадени 1.120 акции по цена од 1.030 денари за акција.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!