„Сковин“ оствари добивка од 274.000 денари

612 Views Mарт 14, 2018 Вино Никола Осило

Во периодот од 01.01 до 31.12.2017 година Сковин АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат. Oперативните приходи во 2017 година во однос на 2016 се со тренд на намалување и изнесуваат 214.476.000 денари.

Во 2017 година приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 12 индексни поени во однос на 2016 година, а кај приходите од продажба на странски пазари се забележува намалување од 23 индексни поени, соопшти компанијата.

„Поради подобро управување со производните трошоци, оперативните расходи во 2017 година забележија намалување за 25 индексни поени, но се внимава да се задржат трошоците на оптимално ниво, како не би довеле до пад на квалитетот.

Структурно гледано забележлив пад имаат трошоците за набавени матерјали, каде што имаат удел намалените откупени количини на грозје во 2017год. поради намалени приноси како резултат на лошите временски услови, а со помал процент учествуваат намалените трошоци за вработени, амортизацја и останати трошоци“, информираат од компанијата.

Оперативната добивка во 2017 година изнесува 11.421.000 денари, а истиот период во 2016 година изнесувала 9.220.000 денари, што значи зголемување за 24 индексни поени.

Нето добивката во 2017 година изнесува 274.000 денари, a минатата година истата изнесувала 305.000 денари.

„Оваа година Сковин АД Скопје во своето работење се соочуваше со одредени стратешки промени, што треба да се одразат позитивно на резултатот во наредниот период“, соопшти компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!